Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, во изјава за емисијата „Гламур“ вели дека во иднина има желба да седне на местото на директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ.
Стефан вели дека во моментов не е подготвен за радикални промени и дека му е потребна многу пракса за да ги долови сите елементи во оваа работa, но не ја отфрла можноста да се проба на директорското место во „Гранд“.
Стефан вели дека имал завршено школа за ваквата работа.
„Потребна ми е доста работа за да научам сè во овој бизнис. Сепак имам завршено школо за оваа работа. Полека, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјавил Стефан во емисијата „Глаумур“.