Синот на Лепа Брена доживеал клиничка смрт

Стефан Живојиновиќ доживеал клиничка смрт за време на неодамнешното престојување во Америка.

Стефан криел од родителите, Брена и Боба, дека во Мајами после неколку часа играње тенис, паднал во несвест на теренот и лекарите од Итната медицинска помош се посомневале на триминутна кома од кардиолошка природа.

-Да, тоа се случи во Мајами, само паднав и друго ништо не знам. Прекин на филмот. Траеше како вечност, а тие ми велат дека само неколку минути сум бил во несвест. Пријател веднаш повикал Итна помош и тие рекле дека состојбата личи на клиничка смрт. Немам појма, ништо не ми беше, потврдува Стефан за Свет.

Scroll to Top