Синот на Лепа Брена ја улови најзгодната од „Ѕвездите на Гранд“

Стефан Живојиновиќ, синот на пејачката Лепа Брена, според пишувањата на српските медиуми е во љубовна врска која ја крие од јавноста.

Наводно, тој е во врска со Катарина Живковиќ, а тоа трае околу еден месец.

-Се запознаа уште пред неколку години и се гледаа како пријатели. Пред две години папараците ги уловија заедно на сплав, а со нив беше и братот на Стефан, Виктор и неговата девојка Александра Пријовиќ, со која Катарина моментално е на турнеја по Австрија. Оттогаш повремено се сретнуваа, но се до неодамна кога Стефан почна да и праќа љубовни пораки. Таа на почетокот мислеше дека се шегува, но излезе дека е искрен и заљубен, вели извор близок до Живковиќ.

По неколку недели допишување, пејачката и нејзиниот тазе колега се сретнале.

-Катарина ми кажа дека и годи додворувањето на Стефан и дека се гледаат. Оттогаш е многу таинствена бидејќи тој не сака да се знае во јавност, поради обожавателките кои ги има. И таа одлучи да молчи за тоа, зашто многупати се „изгоре“ кога зборуваше за својот приватен живот, заклучува изворот.

Scroll to Top