Синот на Лепа Брена отвори ресторан

Виктор Живојиновиќ, најмалиот син на Лепа Брена, викендов отвори ексклузивен ресторан во Белград, „Дарданели“. На отворањето на ресторанот дојде целото семејство Живојиновиќ, Боба со Брена, Стефан и Филип со Александра Пријовиќ. Виктор ресторанот го отвори заедно со неколку свои пријатели. Тој за медиумите откри дека најголемата поддршка ја добил од братот Филип, кој и самиот има ресторан.

„Би им порачал на моите врсници да го прават тоа што го сакаат, да не се откажуваат од соништата. Јас ги споив работите што ги сакам – храната и вечерните излегувања. Не се плашам дека ќе се здебелам, сега имам дополнителна мотивација да ослабам“, рекол Виктор на отворањето.

 

Scroll to Top