Судот во Белград му одреди 30-дневен притвор на Даријан Мандиќ, синот на познатиот пејач Оливер Мандиќ.
Тој е обвинет за семејно насилство над неговата поранешна сопруга. Обвинителството приложило докази до судот, а на сослушувањето тој се бранел со молчење.
Претходно, Даријан ги прекршил мерките за забрана на комуникација и доближиување на сопругата.