Сите бараат билет повеќе за концертот на Шабан

Минаа пет децении откако публиката го прогласи Шабан Шаулиќ за крал на фолкот, а тој својата блескава кариера ќе ја круниса со концерт под името „Уште оваа ноќ“. Концертот ќе се одржи на 6 октомври во „Штарк арената“, за кој билети можат да се најдат уште денеска.

Овој единствен музички спектакл ќе биде, како што и самиот Шабан истакнал, можност за последен пат на едно место да се слушнат неговите хитови.

„Откако го објавивме датумот на концертот, нè изненади реакцијата на публиката. Од сите страни добиваме небројни прашања за почетокот на продажбата на билети, па одлучивме да им излеземе во пресрет и да им дадеме повеќе можност на оние кои сакаат таа вечер да се дружиме и пееме во ‘Арена’“, изјавил Шабан.

 

Scroll to Top