Сите осум албуми на „Екатерина Велика“ повторно ќе се објават по повод 40 години од дебито

Сите осум студиски албуми на „Екатарина Велика“ повторно ќе бидат објавени следната година во пресрет на 40 години од излегувањето на нејзиниот дебитантски албум „Катарина II“.  Дискографијата на еден од најзначајните авторски бендови во поранешна Југославија е резултат на долготрајната соработка помеѓу „ПГП РТС“, „ЗКП РТВ Словенија“ и Задужбината „Милан Младеновиќ“.

„Бидејќи следната година се 40 години од објавувањето на албумот ‘Катарина II‘, сакаме тоа да го одбележиме на посебен начин, со ексклузивен бокс сет. Тој ќе ги содржи сите осум студиски албуми, плус едно концертно издание“, вели директорот на „ПГП РТС“, Владимир Граиќ.

Во меѓувреме, на дигиталните сервиси повторно се достапни албумите на „ЕКВ“, „Љубав“, „Само пар година за нас“, „Дум дум“ и „Неко нас посматра“, кои се ремастеризирани директно од оригиналните студиски ленти.

Scroll to Top