Сите знаат дека се разведов поради дрога, водителката Јована Јеремиќ во „Пинк“ објави ново видео од Ана Николиќ

По скандалот кој изби со бившиот менаџер Саша Мирковиќ, на социјалните мрежи се шири ново видео од пејачката Ана Николиќ, во кое вели дека се развела поради дрога. Пораката утрово ја објави водителката Јована Јеремиќ во нејзината емисија во „Пинк“.

„Кога ја обвинувате мајката дека користи такви супстанци, да знаете и многу добро е познато дека сум против секакви дроги и опијати. Никој не може да го прави тоа во мое присуство. Сите знаат дека затоа и се разведов“, рече Ана која пред неколку години беше во брак со раперот Стефан Ѓуриќ Раста.

„Да не правиме муабет колку сум хипохондрик, тоа го знаат најдобрите лаборатории во градот. Конзилиумот конкретно, кога не се пријавувам на тест секој месец, ми се јавуваат да прашаат дали сум добро“, додаде пејачката

За потсетување, Мирковиќ претходно рече дека пејачката користела наркотици, нешто што подоцна Николиќ го демантираше. Во видеата кои таа ги објави зборуваше за нејзината тешка физичка и финансиска состојба. Целото лице ѝ беше со лузни и рани, а рече дека на сметка имала само 100 динари.

 

 

 

Scroll to Top