Синоќа со концерт на Сергеј Ќетковиќ почна големата летна забава „Супер Скопје“, а на првата вечер присуствуваа неколку илјади луѓе.
Во рамки на „Супер Скопје“ вечер на Кејот „13 Ноември“ во главниот град ќе настапат „Бајага и Инструктори“.
– Вчеравечер неколку илјади лица присуствуваа на концертот на Сергеј Ќетковиќ на Кеј 13 Ноември. Со ова и официјално започна Супер Скопје. Се гледаме вечерва на Бајага и Инструктори, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Во наредните петоци и саботи манифестацијата ќе се одржува на различни локации и тоа во Старата скопска чаршија, улицата „Македонија“ и Боемската улица во Дебар Маало.
Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц – Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“).
На 1-ви и 2 септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Дела од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе (2 септември).
Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).