Скулпторот што ги вајаше Тоше и Туѓман: На прва ни јас не забележав сличност

By

Не стивнуваат реакциите на јавноста за споменикот на Тоше Проески, кој во саботата свечено беше откриен во Нова Градишка, Хрватска.

Проески пред 14 години загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, а споменикот го изработи хрватскиот скулптор Славко Буниќ. Тој ја изработи скулптурата и на поранешниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман.

Многумина се согласуваат дека статуата воопшто не наликува на Тоше и на некој начин со оваа критика се согласува и самиот скулптор Буниќ.

„Разбирам дека луѓето се незадоволни. На прв поглед ни јас не видов сличност“, признава Буниќ.

Но тој секоја критика ја префрла на медиумите, тврдејќи дека проблемот е во фотографијата на која не се опфатени сите детали од споменикот.

„Во јавноста се шири лоша фотографија. На камерата ѝ пречеше сјајот на сонцето, па фотографијата е заматена. Тоа е бел камен, малку пресветол и не се гледа никаква сличност“, вели Буниќ.

„Статуите не мора да покажуваат вистинска сличност, бидејќи за такво нешто треба да бидат направени од крв и месо“, е неговиот одговор на бројните критики. 

Тој вели дека е голем фан на македонскиот пејач.

„Тоа беше донација меѓу мене и Ѓуро Хорват. Ние го обожаваме Проески, токму затоа сакавме да го зближиме хрватскиот и македонскиот народ, тоа е всушност, највисокиот чин на тој подарок“, додава Буниќ.

На неговиот Фејсбук може да се видат најразлични дела, како статуа на мерцедес и споменик на Туѓман во Марџан. Тој вели дека Мерцедесот е подарок за познат сервис.

„Туѓман е направен преку Црквата, тоа е мој и нивен дар. Неговиот син беше таму и ми честиташе, на сите им се допадна, но не и на оние во Загреб“, се присети Буниќ.

 

Ни Македонците не би го препознале: Хрватските фанови незадоволни од споменикот на Тоше во Нова Градишка

Ќе ви се допадне

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee: Hanamaru Youchien Special Preview anime episode Full online free at https://animebee.to anime sites

KissAnime: Sailor Moon SuperS Plus: Ami's First Love anime episode Full online free at https://kissanime.mx vinland saga kissanime

Watch Bartender Episode 11

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD