Поранешниот фудбалер и фудбалски тренер Славен Билиќ (49) петти пат ќе стане татко. Тој и неговата свршеница Ивана Ѓелдум (34) го чекаат третото заедничко дете што треба да се роди кон средината на септември, пишува магазинот „Стори“. Двојката ги има ќерките Софија (4) и Нија (2).
Тие се обидуваат да ја задржат својата приватност за себе, па нивни заеднички пријател за „Стори“ вели дека не е изненаден што толку долго успеале да ја сочуваат бременоста на Ивана тајна од јавноста.
Славен и Ивана се запознаа во 2008 година во кафуле на островот Крк, а ги запознал поранешниот хрватски репрезентативец Роберт Просинечки. Врската ја криеја од јавноста речиси цела година, а првпат беа сликани заедно за Денот на вљубените во 2009 година во Загреб.
„Ивана е една од најдобрите личности што сум ги сретнал во животот“, изјави Билиќ пред неколку години во интервју за „Сторибук“. Во истото интервју тој рече дека иако е разведен и понатаму верува во брак и љубов за цел живот.
Билиќ во 2007 година се разведе од првата сопруга Андријана по 14 години брак. Со неа ги има синот Лео (22) и ќерката Алана (15).