Авторката Јелена Богавац заедно со режисерот Ненад Тодоровиќ го подготвуваат мјузиклот за животот и влијанието на Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ.
На социјалните мрежи иако се шпекулираше кои актери би можеле да го глумат Милошевиќ и неговата сопруга, и покрај очекувањата тоа да бидат познати актерски имиња, изборот паднал на Дејан Цицмиловиќ од Народното позориште во Ниш и Ивана Ковачевиќ од ансамблот на Народното позориште во Приштина со привремено седиште во Грачаница.
Богавац го напиша текстот и песните, а музиката е на Марко Грубиќ. Сценографијата е на Вук Даутовиќ, додека пак костимографијата е на Александар Ковачевиќ.
Во фокусот на оваа претстава ќе биде периодот од деведесеттите и владеењето на Милошевиќ сè до неговото апсење во Хаг.
Претставата е со работен наслов „Слободан шоу“, а ќе гостува низ повеќе градови во Србија.