Снимка направена по убиството на Јелена – Зоран и Владимир фатени како се каат

Српската јавност беше шокирана од најновото видео што се појави на социјалните мрежи настанато по убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ.

Имено, на истото може да се забелжат нејзиниот сопруг, Зоран Марјановиќ, и татко му Владимир, како одат на местото каде што е извршено злосторството.

Тие биле снимени од екипата на „Папарацо лов“, која ги следела додека излегувале од возилото со цвеќе во рацете, а потоа се гледа како изведуваат ритуал на каење.

Сопругот на Јелена, Зоран, како осомничен, веќе е во притвор, а доколку доказите го поврзат со убиството, како и поблиското семејство, се очекува и казна затвор од 40 години.

Јелена Марјановиќ беше убиена на 2 април кај Црвенка и во јавноста се смета за едно од најгрозоморните убиства во регионот.

 

Scroll to Top