Со голиот газ и еротските фотки Карлеуша заработува 75 илјади евра на Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша наводно добива 15.000 евра за една објава на Инстаграм за познат светски бренд на кој таа на почетокот на годината стана заштитно лице.

„Јелена со овој бренд соработуваше пред неколку години. За разлика од другите пејачки кои претежно рекламираат само домашни брендови, таа како и секогаш е чекор понапред од сите, па повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за гардероба и модни додатоци за онлајн продажба. Луѓето кои стојат зад оваа најуспешна продавница за облека на Инстаграм сакале Јелена да ги рекламира, па брзо постигнале договор за сите детали“, изјавил за српски Курир неименуван извор близок на пејачката.

Истиот зивор открил дека пејачката од средината на јануари на својот профил пет ппати се фотографирала во облека на брендот.

„Бидејќи за една објава на ѕид и платија 15.000 евра, лесно е да се дојде до пресметката од вртоглавите 75.000 евра што ги заработила за помалку од еден месец Инаку, пред неколку години ѝ биле исплатени и до 10.000 евра по публикација“,открил изворот.

Истиот извор посочува дека тоа не треба никого да изненади со оглед на тоа што Јелена е најследената јавна личност од естрадата на овие простори.

„Јелена Карлеуша само на Инстаграм следи речиси два и пол милиони луѓе, така што овој приход од спонзорскиот договор не треба никого да изненади. Таа е некој чиј моден стил е познат во целиот свет, па има големо влијание врз многу девојки. Тие се свесни за тоа и сопствениците на овој бренд, бидејќи целата облека што таа ја носеше на фотографиите е распродадена на нивната веб-страница по неколку дена и поради оваа причина постојано се додаваат нови количини“, посочил изворот.

Овој онлајн бренд соработувал и со некои од најпознатите светски имиња како Кајли Џенер, Клои и Кортни Кардашијан, Карди Би и многу други. Карлеуша е единствената од овие простори која ги рекламира.

Scroll to Top