Со „Реквием“ од Моцарт погребан Масимо Савиќ: цела хрватска естрада дојде да се прости од познатиот пејач

Блиските роднини и пријатели на хрватскиот пејач Масимо Савиќ денеска се простија од него на градските гробишта во Задар. Масимо до вечното почивалиште беше испратен со музика, односно „Реквием“ од Моцарт.

На погребот присуствуваа неговите ќерки Мирна и Ени, како и сопругата на Масимо, како и голем број негови колеги музичари. Ќерката Мирна придужувана од нејзиниот вереник Игор Павловиќ со кого требала да се омажи за Нова година, но вечавката беше одложена поради смртта на Масимо. Оваа информација Мирна ја соопшти на Фејсбук и напиша дека нејзиниот татко требало да пее на нивната свадба.

Желбата на пејачот била тој да биде кремиран, со што неговата урна беше погребана на гробиштат во Задар.

На погребот присуствуваа Марина Томашевиќ, семејството Хулиќ, Џибони и други истакнати јавни личности од Хрватска.

Scroll to Top