„Со тебе се заљубувавме и раскинувавме“, цела југословенска естрада се простува од Балашевиќ

Откако во јавноста осамна веста за смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, пејачи, актери, спортисти, политичари од цела поранешна Југославија се простуваат од него на социјалните мрежи. Велат, не можат да поверуваат дека си замина човекот со чии песни растеле, се заљубувале и раскинувале.

Петар Грашо, Лидија Вукиќевиќ, Жељко Јоксимовиќ, Тони Цетински, Весна Бејби, Андрија Милошевиќ, Мирослав Илиќ, Хари Мата Хари, се само дел од оние што се простија од популарниот музичар на социјалните мрежи.

„Моето сочувство прво до семесјтвото, но и до сите што растеа со песните на Балашевиќ и денес чувствуваат дека загубиле некој близок што на сите ни беше како татко. Татко низ детството, љубовта, разочарувањата. Не еден од најдобрите, туку најдобриот во својата бранша“, рече Петар Грашо.

„Јас и Балашевиќ бевме пријатели долги години. Немам зборови да ја искажам тагата. Замина прерано“, рекол за српските медиуми фолк-пејачот Мирослав Илиќ.

„Не се познававме, но ти ги правеше работите што никој друг не може. Капа долу“, стои во пораката на Жељко Јоксимовиќ.

„Голем фраеру, тешко ми е што замина. Почивај во мир драг Ѓоле“, напиша актерката Лидија Вукиќевиќ.

„Добар поету, ти благодарме што постоеше, фала на инспирацијата, на небесниот дар“, вели Андрија Милошевиќ.

Легендарниот музичар почнина денеска на 67 години од корона. Тој десетина дена се лекувал дома, а откако му се влошила состојбата, бил пренесен на клиника во Белград, каде што почина.

Си отиде и тој, генијалниот,луцидниот❤️❤️❤️почивај во мир🙏

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Friday, February 19, 2021

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Scroll to Top