Соња проговори за девојките што по неа влегоа во животот на Аца Лукас

На средината на минатата година Аца Лукас и Соња Вуксановиќ ставија точка на својот брак. Од тогаш медиумите пишуваа сè и сешто за нив, а поубавата половина од оваа двојка не се огласуваше досега.

Соња сега одлучи да проговори за девојките што по неа влегоа во животот на Аца Луакс, а пред сè мислела на Бранислава Пашајлија и на старлетата Божана Вујоновиќ.

„Не сум упатена во неговиот љубовен живот, но тој по мене, секогаш беше со безврска девојки. Мене тоа не ми смета, што има повеќе такви, мене ми е супер. Јас сум здрава и паметна жена, која живее со своите одлуки мошне свесно и задоволно. Малку ги има такви, но јас сум еден пример“, вели Соња.

Насилството што го пријави кога Лукас ја нападна во семејниот стан во кој живееја, не сакаше да го коментира.

„Тоа е тешка приказна. Нека зборува што сака, мене тоа навистина не ме допира. Баш се издигнав над сè, не ги читам весниците, немам претстава за ништо од тоа. Не сакам да давам интервју затоа што немам ништо од тоа. Не живеам од тоа, не издавам песни и не се гледам себеси во тоа. Среќна сум што излегов од сето тоа свесно. Мене медиумите не ме интересираат во таа смисла, јас бев во медиумтие поради сопругот и повеќе немам потреба за тоа“, изјави Соња.

Како што вели, не ја интересира за она што Лукас го зборува во врска со причините за нивниот развод, како ни за изјавите за ЛГБТ-популацијата поради што беше во центарот на сканалот.

„Ништо за него не зборувам, тој сосема доволно говори сам за себе. Го живеам својот живот, уживам со своите деца, патувам и ништо друго не ме интересира“, вели Соња.

Поради децата и разводот, кој треба да добие судски епилог, Соња не сакала да каже дали Лукас плаќа алиментација.

„За тоа зборувајте со Лукас, тој е јавна личност, а не јас. Кога ќе има нешто ново, можеби ќе се огласам“, изјави Соња.

 

 

Scroll to Top