Соња Вуксановиќ во полиција испрашувана за убиството на Радуловиќ

Соња Вуксановиќ била сослушана како граѓанин, како и сите останати кои биле затечени во локалот во кој непознат напаѓач го застрелал Лука Радиловиќ.

Радуловиќ во јавноста е познат како човекот кој со своето „Бентли“ минатата година, ја пресече колоната во која бил претседателот Александар Вучиќ. Тој е убиен во ноќта меѓу вторникот и средата во еден локал во Белград.

Убиството се случило во клубот „Под мостот“ во средата во 1:30 часот по полноќ, во Црногорската улуца под Бранков мост.

Според неофицијални информации службите се сомневаат дека убиството настанало поради продажба на наркотици, но допрва треба да биде утврдено во истрагата. Радуловиќ минатата година бил уапсен поради продавање на дрога, а медиумите пишувале дека воглавно работел како обезбедување по ноќните клубови.

Scroll to Top