Српскиот фолк-пејач Миле Китиќ целосно го смени имиџот. 66-годишниот пејач открил дека ваквата промена се должи на сугестиите на неговата сопруга, која го уверила дека треба да оди во чекор со времето. Токму таа инсистирала во новата песна Миле да соработува со српската старлета Сораја.
На снимањето на најновиот спот, Миле бил облечен во бунда, носел скапоцен часовник, носел стап со циркони и блескав накит.
Новиот имиџ на Китиќ предизвика поделени реакции, но повеќето се негативни, а коментарите велат дека воопшто не му требала ваква промена.