Сопругата на Синан Сакиќ ќе наследи огромно богатство

По кратко боледување пејачот Синан Сакиќ почина на први јуни годинава во семејниот стан во Белград.

По неговиот погребан почнаа да се разјаснуваат односите кои ги имал пејачот со неговото семејство. Синан прв пат се оженил по полнолетството и од тој брак има две деца, Радиша и Медо. Вториот брак го вклучил во 1981 година со Сабина со која ги имаат ќерката Џукица и синот Ален. Неговата сопруга Сабина инаку од првиот брак има два сина Ернест и Елвис.

Секој посебно од неговите наследници би требало да добие дел од наследството на пејачот.

Во јавноста се зборува дека легендата за една вечер прокоцкувал и 50 илјади евра.  Од еден концерт Синан можел да заработи за стан.

Она што е познато е дека неговата сопруга ќе го наследи станот во Белград кој има преку 100 квадратни метри, семејната вила во Лозница, куќата во Тузла и наводно уште два стана во Белград, и еден во Сараево.

Синан поседувал и куќа во Индија и стан во Виена и Дизелдорф. Тој бил љубител на убавите автомобили и поседувал минимум пет луксузни автомобили кои сега стојат паркирани во гаражата во Лозница.

Scroll to Top