Сопругата на Синан Сакиќ тврди дека пејачот е убиен

Сабина, сопругата на српскиот пејач Синан Сакиќ, кој почина лани на 1 јуни, тврди дека нејзиниот маж бил убиен, а дека таа ги има сите докази за наводното убиство.

„Драги пријатели, морам да ве известам дека девет месеци ме мачат едни исти зборови. Ме интересира зошто мојот маж е убиен. Плачејќи ме молеше да го спасам, да го однесам дома бидејќи докторите не го лечат и сакаат да го убијат. Пет дена кардиолозите не му даваа ништо, а имаше срцев удар и оштетување на срцето. Никаква терапија, ниту, пак, инфузија примаше пет дена. Тој ми рече: Однеси ме, те молам, мацо ова не е ни болница, ни лудница, ова е логор, тука ти ја земаат последната капка достоинство. Тие не ме лекуваат, се откажаа, ќе ме убијат. Пет дена беше усно отпуштен и чекаше отпусна листа. Намерно не му дадоа, никој не сакаше да му помогне ниту пријде. Молев и плачев да го прегледа кардиолог. Една професорка во паника во болницата ми рече, води го Синан од тука, ќе го убијат. Бев во паника и неверување. А сега се прашувам по којзнае којпат зошто е убиен и по чија наредба баше убиен мојот сопруг? Чекав тоа некој да го истражи, но ништо, имам снимки, докази дека е убиен. Сега се охрабрив и нема да дозволам лошите луѓе што го убија да бидат неказнети. Се надевам дека ако постои правда тие со закон ќе бидат казнети, а верувам и во Божјата правда“, напиша Сабина Сакиќ на својот фејсбук-профил.

Scroll to Top