Сопругот ја уценува Тања Савиќ со домашни секс-видеа

Српската пејачка Тања Савиќ поминува низ нова драма откако нејзиниот сопруг наводно ѝ се заканил дека ќе ги објави нивните домашни секс-снимки, ако таа не престане да ги бара своите деца и да зборува со медиумите. Тања синовите ги нема видено пет месеци, откако нејзиниот сопруг Душан без нејзино знаење ги одвел во Австралија, каде што се родени.

Душан почнал да ѝ се заканува неодамна, во телефонски разговор, велејќи дека ќе го објави порновидеото од неа што го снимал.

„На Душан му беше тешко што веќе не може да ја контролира Тања и што таа конечно престана да молчи за сè лошо што ѝ направи. Тој не очекуваше дека ќе биде јавно изложен по девет години брак. Дотогаш, тој беше тој што одредуваше што и кога таа ќе зборува пред јавноста. Смета дека може да ја запре Тања само ако ѝ се закани со јавно понижување пред нејзините синови и семејството“, рекол изворот близок до пејачката за српските медиуми.

Секс-снимките што ги има тој се направени на почетокот на бракот.

 

„Индиректно ја потсети како им било убаво додека се снимале додека имале секс, а потоа ѝ кажа дека многумина би сакале да ја видат во такво издание. Таа беше шокирана од сето тоа, бидејќи без оглед на сè, таа е мајка на неговите деца. Почна да плаче и да му вели дека го мрази. Но тој само ѝ се закани дека би било штета нејзините деца во училиште да ги исмеваат поради порновидеото на мајката“, додал изворот.

Scroll to Top