Сопругот на Беквалац пијан ѝ се додворувал на Сораја

Сопругот на Наташа Беквалац неодамна ја напушти Србија и замина кај свој пријател во Атина. Тој одлучи да се повлече од медиумите, а она што сега се пишува е дека и пред Наташа Беквалац бил проблематичен.

Извор близок на „Ало“ откри дека Лука пред неколку години ѝ се додворувал на познатата старлета Сораја Вучелиќ. Меѓутоа, ова не му се допаднало на момчето на старлетата, па на Лазукиќ му удрил шлаканица и го „фатил за уво“.

„Станува збор за свадбата на нивен заеднички пријател. Момчето на Сораја и Лука се познаваа, но не беа блиски. Сораја беше на таа свадба заедно со момчето. Во еден момент, кога се крена атмосферата, Лука почна да разговара со Сораја. Кога нејзиното момче виде дека работите одат надвор од контрола, стана и му кажа дека таа е негова девојка. Лука се извини и се врати на своето место“, вели изворот.

Подоцна, на свадбата Лука повторно почнал да ѝ се додворува на Сораја.

„По еден час, Лука беше пијан и повторно се приближи до столот на Сораја. Ја праша девојката дали сакаат да танцуваат, а таа му одговори дека не е расположена. Тогаш момчето на Сораја стана и го удри со раката по глава и го фати за уво. По овој инцидент Лука ја напушти свадбата, а по неколку дена се извинил за однесувањето“, раскажал близок пријател на Лазукиќ.

 

 

Scroll to Top