Сопругот на Гога Секулиќ не ѝ дава развод

Сопругот на пејачката Гога Секулиќ, Урош Домановиќ не ѝ дозволува да се разведе од него. Двајцата се разделија уште пред шест месеци, но, Секулиќ сега сака и официјално прекин на бракот.

„Го изнервира тоа што Гога на големо објави дека се разведуваат иако заедно беа пет години во брак. Урош оддеднаш почувствува гнев и сега не сака да ѝ даде развод. На никого не му е јасно зошто, не знаеме дали некој така го советувал, дали сака нешто за возврат за да ги потпише документите или едноставно сака да го спаси нивниот брак. Двајцата одамна не се заедно. Живеат во различни држави. Тој поради работата е во Цирих, а таа во Белград. Пред да си замине од Швајцарија со синот Василиј тие беа во одлични односи. Сега тој почна да прави проблеми. Таа се плаши дека може да бара и старателство над нејзиниот син, затоа што и тој го сака и му посакува само најдобро“, откри за српски „Блиц“ извор близок до пејачката.

И самата пејачка откри неодамна дека сака да се разведе.

„Вистина е. Мислам дека така е најдобро и за детето и за нас двајцата. Ми здосади во бракот да јас да бидам таа и мажот и жената и таткото и мајката“, рече Гога и додаде дека ако е потребно за својата слобода ќе се бори и на суд.

Извор/b92.net
Scroll to Top