Сопругот на Тања Савиќ не и дава развод, а таа сака да се мажи со 11 години помладиот Мухамад

Пејачката Тања Савиќ среќата ја најде покрај пилотот Мухамед Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад, но наводно нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ не сака да и даде развод. Според српските медиуми, Душан наводно нема да се разведе за Тања да не може да ја официјализира врската со пилотот. Еднаш ја нападнал затоа што го изневерувала. Тогаш Душан дал изјава за тамошните медиуми .

 Кога почнавме да излегуваме, таа го изневеруваше нејзиното момче со мене. Кога се врати од кај мене од Австралија, продолжи да се гледа со него. Мене лично тоа ми го призна. Слободно пишувајте се од збор до збор. Знам кој е тој човек. Таа ме изневеруваше, а јас молчев. Не ме интересира нејзиното момче, но разводот ќе го потпишам кога сакам“, изјавил еднаш Душан за локалните медиуми.

Тања, пак. ужива со 11 години помладиот Бешиќ и веќе тој ја запросил пејачката на романтична вечера во Египет.

Scroll to Top