Сораја му го растури бракот на фудбалер на Црвена Ѕвезда

Српската старлета Сораја Вучелиќ му го растурила бракот на фудбалерот на Црвена Ѕвезда, Зоран Рендулиќ, пишуваат српските медиуми. Неговата сопруга пред девет месеци го оставила, а причина за тоа е  неговата авантура со познатата старлета. Како што пишуваат српските медиуми,  Рендулиќ не можел да го зачува бракот оти неговата сопруга го фатила додека ја изневерувал. Таа без најава се спакувала, си заминала од нивниот заеднички дом и решила да стави крај на тригодишниот брак.

Scroll to Top