Познатата старлета Сораја Вучелиќ пресадила влакна од косата на веѓите. Во последно време нејзините обожаватели прашуваат што се случува со нејзините веѓи, а одговорот го даде експертот по козметички третмани Шади Абунасер.
Тој за порталот Србија потврдил дека Сораја пресадила влакна од косата на веѓите и дека тоа е причината за чудната форма и преголемата должина.
„Сораја не претерала со количината на влакна, туку ги оставила да пораснат и ги обликувала како што и одговараат. Трендовите секогаш се менуваат, навикнати сме на пократки веѓи“, рекол докторот и објаснил дека влакната од задниот дел на главата се користат за трансплантација.
„При пресадување на влакна на веѓите се користи влакно од главата, односно задниот дел од главата, кој подоцна треба да се одржува со скратување на саканата должина, бидејќи во спротивно расте во должината на косата“, рекол тој.
Пред да се почне со интервенцијата се црта саканиот облик на пациентот, а кога ќе се заврши формата, се применува анестезија.
„Во мојата пракса се повеќе жени доаѓаат да ги средат веѓите, бидејќи тоа е единственото решение да се надомести изгубената коса, а не да се користат алтернативни методи кои не даваат природен изглед“, заклучил Абунасер.