Сораја протерана од Србија

Поранешната учесничка на „Големиот брат“ и ТВ лицец Сораја Вучелиќ, како што пренесуваат српските медиуми е протерана од Србија и е прогласена за безбедносно ризична личност.

Сораја пред неколку дена била депортирана за Црна Гора, со оглед на тоа дека е државјанин на Црна Гора.

„Сораја по враќањето од Турција е приведена на аеродром во Белград, кога по задржувањето на пограничната полиција, уште на првиот лет ја депортирале за Црна Гора. Прогласена е за безбедносно ризична личности, со оглед на тоа дека Србија има оперативни сознанија дека Сораја има контакти со сомнителни личности од Црна Гора“, наведува извор близок до пејачката.

„Списокот на непожелни лица неодамна е ревидиран и на српскиот список се нашле повеќе од 120 лица од Црна Гора, додека на црногорскиот список се наоѓаат околу 100 лица од Србија“, вели изворот.

Засега Сораја се нема огалсено по повод новонастанатата ситуација.

Scroll to Top