Сораја уапсенa во Црна Гора!

Според сознанијата на српската емисија „Ексклузивно“, старлетата Сораја Вучевиќ вчера е уапсена во Црна Гора. Како што открива извор до српскиот медиум, Сорараја била приведена под сомнеж дека е вмешана во криминален канал.

Полицијата ја држела шест часа на разговор, но по утврдувањето дека нема никаква врска, е пуштена на слобода. Со неа била приведена и старлетата Ана Кораќ, попозната како фаталната АК, пишуваат медиумите од регионот.

Инаку, во 2015 година Сораја беше повикана на информативен разговор и за истрагата околу убиството на Армин Османгич, а годинава беше уапсена во Загреб поради нарушување на јавен ред и мир.

Scroll to Top