Срѓан Тодоровиќ прогласен за најдобар актер во Србија

Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ беше прогласен за најдобар актер во Србија според филмските критичари и новинари во земјата. Наградата ја доби за улогата во филмот „Бесно куче“.

„Главно добивав награди од колеги, а ме интересира да прочитам во весниците критика за себе и за мојата работа. Сакам кога е коментарите се позитивни. Затоа ова награда ми значи многу“, рекол Тодоровиќ на доделувањето на наградата.

Тој лично ја зеде наградата и првпат се појави во јавноста по семејната трагедија,. Неговиот тридодишен син почина ненадејно во сон пред два месеца и оттогаш актерот се држи подалеку од јавноста.

 

Scroll to Top