Српската пејачка Снежана Ѓуришиќ со емотивна порака се прости од пејачот и легенда на српската музика, Предраг Гојковиќ Цуне.
– Си отиде преубав глас, уметник, голем човек и мој пријател. За него немаше нешто што не познава во музиката, беше извонреден. Не напушти физички, но зад себе остави толку многу што има и за наредните генерации кои се надеваме ќе сакаат да научат. Ме учеше да пејам, имавме одмос полн разбирање, пријателство и љубов. Нека те чува Бог каде и да си, напиша Снежана за починатиот пријател.
Инаку, познатиот Цуне почина на 85. годишна возраст а веста ја потресе и естрадата и фановите.