Српскиот фаворит за Евровизија ги вџаши белгрѓани: наместо со куче, се прошета со мртов јастог на улица

Српскиот фаворит за Евровизија, Лук Блек, на улица се прошета со јастог. Како што пишуваат српските медиуми оваа недела во престрет на натпреварот кој ќе се одржи во Белград, фаворитот на публиката го привлекува целото медиумско внимание.

Контроверзниот поп пејач, чие вистинско име е Лука Ивановиќ, успешно одржал екстравагантен настап додека се шетал низ Белград, бидејќи наместо куче, прошетал јастог на поводник, пишуваат српските медиуми.

Станува збор јастог играчка која Лук ја извадил на прошетка бидејќи, како што вели, јастогот е негов симбол, па со тој симбол позирал на фотографијата со која ќе ја претстави својата песна „Само ми се спава “ на Беовизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Black (@lukeblackmusic)

„Мислам дека симболиката на јастогот е доста отворена за интерпретација. Јастогот на почетокот немаше преголема намена, но често како уметници правиме работи за кои не сме свесни и земаме некои референци што сме ги собрале во текот на нашето создавање и ценење на уметноста и дека можеби не ни гледаме дека сме ги ставиле на платно, или на песна или фотографија, а потоа со помош на луѓето кои се обединети и нивните интерпретации, учиме нешто за себе. Така што дефинитивно можам да кажам дека јастогот е симбол на регенерација“, објаснил Лук Блек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Black (@lukeblackmusic)

Scroll to Top