Срцето ми е полно од среќа, пејачката Гоца Божиновска стана баба

Синот на српската пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан, стана татко. Со сопругата Бојана Родиќ добија син. Тие го крстија по покојниот сопруг на Гоца, Зоран Шијан.

„Оваа среќа не може да се опише со зборови, надвор од себе сум. Не можам да дишам од што ми е полно срцето. Радост на баба, најубава среќа, мојот прв внук. Мојата Бојана ми ја даде најголемата радост, станав баба, нема посреќна личност на светот од мене“, изјави Божиновска за српските медиуми.

Таа истакна дека сигурно покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан, по кого го доби името внукот, би бил горд на својот син.

„Ќе има веселба, почекајте, сè уште не знам каде сум. Сигурно ќе се слави, но сè уште не знам каде и кога“, рече таа.

Мирко Шијан им се заблагодари на сите за честитките преку социјалните мрежи, а зборуваше и неговата сестра Јелена Вучковиќ, која е пресреќна што стана тетка.

Scroll to Top