Стефан Живоиновиќ денес го слави својот 26. роденден

Синот на балканската дива Лепа Брена и прочуениот тенисерски ас Слобода (Боба) Живоиноиќ, Стефан Живоиновиќ, денеска го слави својот 26. роденден.

Стефан, кој продолжи по стапките на мајка си, пред точно една година за роденден доби песни кои веднаш потоа станаа хитови, особено меѓу помладата популација. Стефан настапува во Европа, а дури и мајка си ја следеше на турнејата низ Америка.

Но, младиот Живоиновиќ со својот брат Виктор одлучил својот роденден да го прослави во Монако, без женско друштво.

Меѓу првите што му честитаа роденден на социјалните мрежи беше мајка му Лепа Брена.

„Мојот живот, љубов и среќа. Среќен роденден“, напишала Брена.

Стефан на 23 ноември 2000 година беше киднапиран пред семејната куќа. Тогаш киднаперите бараа од Брена и Боба 2,5 милиона марки за да им го вратат синот. До ден-денешен не е официјално соопштено кој бил киднаперот на Стефан и по чија наредба било извршено делото.

Другата сторија за Стефан е дека доживеал клиничка смрт за време на еден од своите престои во Америка по неколку часа играње тенис. Лекарите од итната помош се посомневале на триминутна кома од кардиолошка природа, но тој тврди дека е здрав како дрен.

 

 

 

Scroll to Top