Стендап-комедијата „Секојдневна кома“ на актерот Иван Томиќ следната недела во Скопје

Српскиот актер Иван Томиќ следната недела доаѓа во Скопје со стендап-комедијата „Секојднвна кома“ и најавува вечер полна со смеа, мудрост и изненадувања.

„Ова е повеќе од комедија, тоа е вистинско автентично патување низ животот, зачинето со хумор. Во ‘Секојдневна кома’, Иван повторно се прашува: Што имаат заедничко жените, децата, кредитот и Хашкиот трибунал? Дали сакаме жена која била во војска? Каква е врската помеѓу победникот на Математичката олимпијада и раженчињата од не’рѓосувачки челик? Може ли српска народна песна да се пее на англиски? Дали е можно да се биде во форма по педесет години?“, велат организаторите „Златен заб“ и Јавна соба.

Организаторите советуваат публиката да се подготви и за „рап на средовечен бел маж и оригинален предлог за песна за Евровизија од Иван како и понуда што нема да ја добијат на ниедно друго шоу“.

Со мотото „Дојдете и потопете се во комична кома – затоа што животот е премногу сериозен за да се сфати сериозно“ повикаа на 19 февруари во јавна соба.

Scroll to Top