Еден од најпопуларните музичари Стјепан Хаузер,е светки познат виолончелист, кој ја освои јавноста давајќи и необичен звук на класичната музика. Тој успеа да ги наполни најголемите светски сали, а неговата турнеја „Бунтовникот со чело„ ги помина речиси сите познати европски градови.
Хаузер гостуваше во подкастот на Ана Радишиќ каде кажа дека на публиката која е навикната да го слуша како 2Cellos, сега ќе и се претстави во поинаква верзија.
„2Cellos беше рок шоу, а сега ќе ја изразам мојата романтична, сензуална, латино страна. Сега ќе му покажувам на светот се што не сум преку 2Cellos, а луѓето дефинитивно ќе го напуштат салата исполнети и среќни“, вели Стјепан.
Тој се потсети и на своите почетоци, кои всушност се врзани со најраните години од детството. Вели дека во нивниот семеен дом во Пула секогаш се пуштала класична музика „Потекнувам од прекрасно семејство, но не бевме финансиски силни, па морав да најдам начин да одам да студирам, а студирав во Лондон. А потоа следеа сите мастер-класи, едукации, открива тој.
Вели дека многумина не верувале во него, но тоа никогаш не го спречило да истрае во остварување на своите соништа.
„Бев сигурна во успехот. Во основно училиште сите ме исмејуваа, сите момци беа фраери фудбалери, а јас бев ‘еве го овој со виолината’ затоа што тие не ни знаеја што беше тоа чело. Ама јас и покрај омаловажувањето , не се откажав. И еве, денес јас се дружам со фудбалери, Меси, Роналдо, свирам на Златна топка, финалето на Лигата на шампионите…Каде се сега сите тие фудбалери што ме исмејуваа“, откри Хаузер.
Планетарната слава често со себе носи и некои помалку убави работи, но Стјепан вели дека после толку години во медиумите научил да се справува со секакви објави и наслови, но вели и дека неговата работа сепак носи многу од тие поубави работи.
„Убаво е да се биде Стјепан Хаузер затоа што го живееш твојот сон, го правиш она што го сакаш, патуваш, ги гледаш најубавите места на светот. Има и тешки времиња, но потоа се вртиш и гледаш дека го живееш твојот сон“, вели музичарот кој веќе го чека настап во Бордо, а после тоа има серија концерти во распродадените европски сали.