Стравував да не се разболам од рак, ама тоа ми се случи

На познатата српска водителка Ана Михајловски во септември ѝ бил дијагностициран тумор на градите, по што била итно оперирана. Таа вели дека сосема случајно отишла на преглед, кога ѝ ја откриле болеста. Ана открила за медиумите дека  најмногу стравувала да не се разболи од рак, а токму тоа ѝ се случило.

„Пред сè сакам да нагласам дека не сакам себеси да се ставам во прв план бидејќи тоа би било навреда за сите жени кои преживуваат многу поголеми проблеми и живеат со нив. Не сум човек кој редовно оди на прегледи, па поради тоа упатувам апел жените редовно да го прават тоа за да бидат во тек со своето здравје. Јас сосема случајно направив преглед, кога ми открија дека има рак“, вели Михајловски.

Scroll to Top