Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, вчера почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград.
Студентите во протестите добија поддршка од многу регионални ѕвезди, меѓу кои и Северина, која многумина ја споменуваа во објавите на Инстаграм.
52-годишната сплитска пејачка на својот профил сподели неколку кадри од атмосферата од Белград. Во една од објавите се слушаат ученици како ја пеат песната „Италијана“ на Северина и велат: „Северина е со нас и кај Автокоманда“. Северина тогаш одговори: „Ви благодарам деца, секогаш и секаде со вас. Се би дала да бидам овде“. На објавата додаде и емотикон, црвено срце.