Судот ќе одлучува дали Ана Бекута и Кеба ќе одржат концерт во Пула

Продукцијата која организираше фолк концерти во Пула  поднесе тужба до судот за трговски спорови во Пазин против „Пула Спорт“, арената во која требало да се одржат концертите.

Судската постапка е наведена за да се утврди итна привремена мерка и да се донесе пресуда за тоа дали концертот може да се одржи во Пула. Постојат големи шанси пресудата да биде во прилог на организаторот на концертот затоа што, судејќи според досегашната пракса, концертот може да забрани само доколку постои сомнеж дека тоа ќе предизвика национална, религиозна или политичка омраза.

Градначланикот на Пула, Зоран Зоришиќ забрани да се одржуваат концерти на српски фолк ѕвезди. Така беше откажан концертот на Ана Бекута која на својот профил на Инстаграм напиша „ѓубрето нема нација“.

Покрај Ана Бекута, беа наваени концерти и на Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зоран Мичановиќ.

Scroll to Top