Судот му ја намали казната на возачот што ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ

Судот во Германија му ја намали казната на возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ. Фолк пејачот загина во 2019 година, а Алсин Левент кој ја предизвика сообраќајката возел без возачка дозвола и бил во пијана состојба.

Судот прво го осуди на затворска казна од 3 години и 3 месеци, а откако се жалеше му ја намали за три месеци. Семејството на Шабан ја нарече пресудата срамотна и сметаат дека и првата била блага.

„Шокирани сме од одлуката на судот и сметаме дека пресудата е срамна. Но, не можеме ништо да направиме. Бевме незадоволни и од претходната пресуда и се жалевме и на неа. Но, со оглед дека не ни беше уважена, па дури и истата беше намалена, само покажува колку човечкиот живот се цени во Германија“, рекоа од семејството на Шабан за Nova.rs.

За потсетување, Шабан загина во несреќа која се случи на 17 февруари 2019 година, на автопат во близина на градот Гитерслох. Алсин удрил во колата во која бил Шабан со неговите колеги. Пејачот и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ загинаа, а третото лице кое било со нив беше тешко повредено.

 

Scroll to Top