Глумицата Бергузар Корел, позната како Шехерезад и нејзиниот сопруг и колега Халит Ергенџ, се на чекор до развод, пишуваат турските медиуми.
Бергузар и Халит кој е познат по улогата на Сулејман, во март го добија второто дете. Двајцата веќе некое време неможат да се согласат со голем број на работи.
„Најлошо е што Халит не го сакаше второто дете, затоа што се сметаше за престар, а неговата сопруга му убедуваше речиси две години. Кога остана бренема, беше пресреќен, но откако се породи, Бергузар целосно му се посвети на детето, а Халит се чувствува занемерено и запоставено. Двајцата одлучија да се разделат на неколку месеци, а потоа ќе одлучат дали ќе се разведат“, открива извор близок до двојката.
Наводно 50. годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена, за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и дека се смета за една од најголемите турски надежи во глумата.
„Му недостигаат страста и жарот, а сопругата го одбива. Едноставно, исчезна хемијата. Таа воопшто не се обидува да се поправи, а тој има потреба како и сите други“, додал изворот.
Многу фанови на глумецот однапред го осудија иако никој од нив засега не ги потврди ваквите шпекулации за развод.