Сузана Јовановиќ откри како ја завел Саша Поповиќ

By

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ се во складен брак повеќе од две децении, во семејната атмосфера уживаат со ќерката Александра и синот на Сузана, Даниел.

Сопругата на Саша Поповиќ се потсети на нивното запознавање, но и на  изненадувањата што си ги приредувале еден на друг. Се присетила на далечната 1996 година, кога владеела паника поради болеста кравјо лудило и кога со Саша сè уште била во пријателски односи.

„Нашата љубов почна со лудите крави. Беше тоа време на пејџери, еден вид незадолжително допишување. Јас имав само фиксен телефон во станот, а тој имаше пејџер, па му испратив порака. Му се пожалив: ‘Сале јас никако нема да можам да стигнам во Јагодина на свадба, а немам ни како’. ‘Нема проблем, ти само облечи се, доаѓам по тебе’“, откри пејачката.

„Тамам да тргнам, тој ме фати за рака. Помислив: ‘Што е сега човеку? Да не ја заборавив чантата?’. ‘Не, дојди да те бакнам’, ме изненади.  Буквално имавме другарски однос. И тука се бакнавме, а јас  прашав: ‘Што треба ова да значи?’ Тоа значи дека од денеска си моја девојка и крај на приказната“, се присетила Сузана па го опишала нивниот прв бакнеж.

„Тоа беше бакнеж во образ, не беше вистински. Јас се држев цел ден за образот, не сакав да го измијам“.

 

 

Ќе ви се допадне