Сузана Јовановиќ за грабежот во домот на Саша Поповиќ

Сузана Јовановиќ, сопругата на Саша Поповиќ, прва влегла во куќата по грабежот што се случил на 8 март во нивниот дом.

Сузана при самото влегување во ходникот сфатила дека нешто не е во ред и дека некој им провалил во куќата, а по некое време се заблагодарила што сите се живи и здрави.

„Тогаш не бевме во семејниот дом. Првин ги забележав расфрланите работи во ходникот и сфатив дека бил направен грабеж. Тогаш видов дека некој влегол во мојот дом и извршил грабеж“, изјавила Сузана, која веднаш повикала полиција и го пријавила грабежот.

„На почетокот беше многу тешко. Нема човек што посакува вакви работи. Поради тоа што сум силна личност, секогаш велам дека не можат да ми го земат тоа што ми е најдраго. Тоа се моите деца и сопругот. Кога тоа се случило, само го прегрнав моето семејство и реков:

„Фала ти боже, сепак тоа највредното е со мене и покрај мене. Материјалните работи се заработуваат. Кој и да го направил ова, му испраќам благослов, а Бог самиот ќе го направи своето“, изјавила Сузана.

Како што веќе споменала во медиумите, Сузана на полицијата ѝ рекла дека во сефот имало пет синџирчиња од бело и жолто злато, приврзоци, осум часовници „ролекс“.

„Никој од нас тоа не го кажа. Тоа никој не може да го знае. Полицијата си ја работи својата работа, се надевам дека еден ден барем некој од тие силни грабежи што се случиле на ова место ќе ги откријат и разоткријат сите тие крадци. Живееме со тоа дека животот го продолжуваме понатаму“, заклучува сопругата на Саша Поповиќ.

Scroll to Top