Водителката Сузана Манчиќ која требаше да се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, и се скрши сонот, а прстот за пропаднатиот брак го посочи кон медиумите.
Свадбата требаше да се случи во септември, но таа не сакаше премногу да зборува за проблемот.
Пред камерите на емисијата „Сцена“ беше затечена од новинарката која и постави директно прашање за бракот, на што таа кажа:
-Нема ништо да зборувам, зашто претходно кажав, па медиумите не разделија. Меѓутоа, кога биде, нека биде… Едноставно не сакам да се давам. Сега сакам тој да ме носи кон олтар, а така и ќе биде, низ шега изјави Сузана. ‘
Дали навистина свадбата ќе се случи или не, останува мистерија…