Сузана Манчиќ приведена во Грција

„Кога полицаецот изјавил дека ќе ми ја одземат возачката и дека ќе бидам спроведена во станица, не ми беше сеедно“, изјави Сузана Манчиќ.

Додека идела во посета на својот вереник Симеон Оцомокос, Сузана Манчиќ возеше побрзо од дозволените 150 километри на час, по што ја запре полицијата, по што беше приведена во најблиската станица.

Сузана тврди дека грчката полиција има „пик“ на неа, и како што вели, наместо да ги казнува оние кои возат 180 на час, постојано нејзе ја запираат.

„Пред неколку дена возев според прописи, мајке ми, но радарот покажа 151 километар на час. Каде го најдоа оној еден, си мислев додека го гледав полицаецот, кој неверојатно ме потсети на стариот јунак Астерикс: човеот со огромни бркови. Со строгиот глас, како да сум направила кој знае што, ми побара документи, а кога ми рече дека ќе ми ја одземе возачката, и дека ќе ме спроведе во станица, не ми беше сеедно. Иако само што не прокоментирав: „Сакате ли вие да ме вратите дома со службена кола?“, раскажа Сузана и опиша како сепак се извлечче од незгодната ситуација.

„Наместо тоа, го повикав Симеон, и тој преку телефон, преговараше и ја „испегла“ кризната ситуација, па само бев приведена во полиција, каде ми беше одредена парична казна која веднаш морав да ја платам. За влакно избегнав затвор“, заклучи Манчиќ

Scroll to Top