Сузана: Саша Поповиќ ме спаси од бедата!

„Беше тоа период пред Саша кога имав само 20 динари во џеб, и кога фрижидерот беше празен, немав што да јадам“, изјави Сузана Јовановиќ.Пејачката Сузана Јовановиќ во емисијата „Прес претрес“, откри неколку непознати детали од својот живот, а особено интересна е нејзината приказна за периодот пред да се омажи за Саша Поповиќ.

Иако е омажена за еден од најспособните деловни луѓе, и одамна не мора повеќе да се грижи за егзистенцијата, Сузана не заборави дека и пред да се омажи била без скршен динар.

 

„Јас пред Салета имав големи финансиски проблеми. Ја немав таа среќа, како досега, да мирно спијам, затоа што Сале работи за нас, за мене и децата, и за материјалните работи не мораме да се грижиме. Но, тоа беше период пред Саша кога имав само 20 динари во џеб и кога фрижидерот беше празне, немав што да јадам. Но, сепак останав ментално силна и здрава, останав нормална, го земав животот во свои раце и решив да се променам“, изјави Јовановиќ и опиша како изгледаше нејзиниот самачки живот.

„Бев на некој сплав во „Пирана“. Отпеав таму за 50 марки, но утре ќе имам да си дозволам да си купам леб, млеко и нешто најосновно. Имам да направам некоја чорба, и некој, мал, полесен ручек, затоа што живеев во гарсоњера во Мирјево. Морате да бидете ментално силни и да го прифатите животот во тој момент таков каков што е.  Тешко е, но постои начин да секогаш на себе си го олесните маките. Се разбира, кога тргна работа, тезгите кога луѓето почнаа да ме викаат, почна и зарабтката и ми беше подобро“, заклучи Сузана Јовановиќ.

Погледнете што се раскажа Сузана:

Scroll to Top