Светлана Бојковиќ: Гига не заслужи да замине на ваков начин

Веста за починатиот актер Марко Николиќ ги погоди голем дел од неговите колеги и пријатели во Србија, меѓу кои и Светлана Цеца Бојковиќ актерката со која Гига играше во серијата „Подобар живот“.

„Многу ми е тешко. Не можам да ви опишам колку ми е жал што толку се мачеше. Тој беше прекрасен човек и не заслужи на ваков начин да замине“, изјави Цеца Бојковиќ, која се потсети на моментите кои ги мина со Марко.

„Беше толку свестран. Имаше широк круг на интерес. Гига не го интересираа само годините. Човек со него можеше да зборува на разни теми. Беше радознал со отворен ум. Беше пријател на кој можеше да му се довериш за се. Беше вистински пријател“, изјавила Бојковиќ.

„Секогаш беше насмеан и сакаше да се шегува. Ако јас ќе кажев некоја шега, тој само ќе се надоврзеше на истата. Секогаш се шегувавме на снимањата. Беше прекрасно да се работи со него“, изјавила Бојковиќ.

„Со Гига се немавме видено уште од летото. Тогаш со него беше се во ред. Тој беше толку прекрасен човек. Не се видовме, ниту се слушнавме, но ми кажаа дека успеал да ја победи болеста. Беше полн со надеж дека ќе ја победи, но за жал се случи спротивното“, вели Бојковиќ.

 

 

Scroll to Top