Таа не знае дека тато и мама повеќе не се заедно – потресни зборови на Аца Лукас за ќерката

„Неколку пати ме праша и јас во првиот момент ѝ реков дека тато останува тука за да го чува станот“, изјави Аца Лукас за разговорот со ќерка си. Иако претходните денови беа шокирачки, со изречени груби зборови и направени големи одлуки кога се во прашање односите меѓу Аца Лукас и Соња Вуксановиќ, на двојката допрва им следува тежок период. Се работи за тоа што поранешните партнери ги чека борба за старателство над ќерката Викторија, а само спомнувањето на нејзиното име ги тера и двајцата да заплачат.

„Викторија не знае дали мама и тато уште се заедно. Неколку пати ме праша и јас во првиот момент ѝ реков – тато останува да го чува станот за некој да не ни ги украде работите, додека се не се среди, таму ќе спијам. Тешко е….“, вели Аца.

 

Кога е во прашање гледањето на детето, истакнува дека тоа никој нема да му го забрани.

„Бесмислени се зборовите дали ќе можам да ја видам Викторија или не, јас застанувам на растојание два километра од моето дете. Нема таков закон, ја нема таа полиција што ќе ми забрани да си го видам детето. Нема Соња да ми забрани. Јас на сите им реков дека најмногу од сѐ го сакам ова дете затоа што веројатно сум во тие години кога чувствувам што тоа значи“, вели Лукас, кој тешко се навикнува на тоа повторно да живее сам.

„Воопшто не знам што понатаму. Дали ќе живеам како што живеам, сам, но првин ќе мора дебело да се навикнам и да го надминам сето ова“, изјави Аца Лукас.

 

Кога е во прашање неговиот став за тоа зошто ова се случило, тој вели:

„Јас неа ја прашав зошто. Добив одговор – затоа што си наркоман, коцкар и клошар. Па ѝ велам – нека сум наркоман и коцкар. Би сакал да видам во целото тоа опкружување каде се гледа тоа дека сум коцкар. Ја прашав зошто постојано ми скока на главата. Ми рече дека постојано тропам нешто. Пред неколку месеци во мојот стан Соња го заборави телефонот. Ѝ стаса СМС и гледам порака од адвокатката: „Соња, не можеме сега да го оствариме тоа на овој начин во врска со имотот, но можеме да одиме на тоа да го провоцирате да ве удри и да се нафрли на вас за да го обвиниме за семејно насилство“, го повтори Аца Лукас она што го прочитал во пораката на сопругата.

Scroll to Top