Хрватската пејачка Тајчи, нам позната како претставник на Југославија на Евровизија, и нејзиниот сопруг Метју Камерон биле итно оперирани минатиот викенд.
Пејачката одамна живее во Америка и успешно се справува со болеста на својот сопруг, но овој пат поради компликации на неговото здравје двајцата биле оперирани во исто време. Операцијата на Тајчи, пак, била однапред закажана токму за тој период.
„Операцијата помина добро, ми отстранија 750 милилитри течност од градите, но болките беа неиздржливи. Не можев да дишам, срцето ми чукаше лудо, дури и при најмало движење со раката. Не можев да ги избришам ни солзите од лицето“, напиша тој на „Фејсбук“.
Во исто време на операција била и Тајчи.
„Во моментот Татјана е на операција. Не е ништо сериозно и планирано беше многу порано. Разочаран сум што не можев да бидам покрај неа, таа беше со мене цело време додека бев болен и ѝ беше тешко додека ме гледаше како страдам“, додаде тој.
Под неговата објава коментар остави и Тајчи.
„Додека ме боцкаа со игли, почувствував само мал дел од она низ што Метју поминува веќе неколку месеци. Му се восхитувам што не се предаде, не потклекна и не дозволи стравот да го обземе и ослаби психички. Тој поседува огромна животна сила, ама така е кога ќе ја прифатите божјата милост“, напиша Тајчи.