Тамара Грујиќ имала спонтан абортус

Тамара Грујиќ, автор и водител на популарната емисија „Во акција со Тамара“, во едно скорешно интервју призна дека на 33 години имала спонтан абортус. Таа рекла дека ѝ требало многу време да ја надмине болката. Иако не сака да зборува за својот приватен живот, решила да го сподели своето искуство со жените кои минуваат низ истото.

„Само од една причина решив да зборувам за тоа што ми се случи. Жените кои поминуваат низ истото треба да знаат дека не се сами и дека не се единствените на кои им се случило истото. Кога имав спонтан дознав дека десетина мои пријателки и познанички минале низ истото. Не можам да објаснам колку ми беше полесно потоа“, рекла Тамара.

Таа додала дека жените што сакаат деца не треба да се обесхрабруваат ако го изгубат бебето.

„Се обидов да си објаснам себеси зошто ми се случи тоа. А болката, како и сите други болки во животот, поминува со време“, рекла Грујиќ.

 

Scroll to Top